Церемонијата на доделувањето на престижните музички награди “Греми” ќе се пресели од Лос Анџелес во Њујорк по повод 60-та годишнината, објавија организаторите од Американската издавачка академија.
Тие ќе се одржат на 28 јануари во култниот “Медисон сквер Гарден”, откако во текот на 14 години беа во “Стејплс центар”, Лос Анџелес. Одлуката доаѓа по долготрајна кампања на њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио кој пресмета дека доделувањето на наградите – кои обично се придружени од неколку дена на концерти и забави, ќе му донесат на Големото јаболко профит од 200 милиони долари. Веста беше соопштена од музичката академија во социјалните мрежи, придружена од краток видео клип, во режија на Спајк Ли. Во него се прави своевидна турнеја на најпознатите места во градот, поврзани со музиката – од “Карнеги хол”, во “Аполо тиатер” во Харлем до станбениот комплекс во Бруклин, каде израснал Џеј Зи.
Од спроведувањето на првата церемонија во 1959 година наградите “Греми” се движат меѓу Њујорк и Лос Анџелес, а вториот град е нивен домаќин од 2004 година. Засега е најавено дека преселувањето во Големото јаболко ќе е само за една година, без да се исклучува во 2019 година тие повторно да се во Лос Анџелес.
Пред да стане јасно официјално каде ќе се одржуваат наградите, имаше спорови и за конкретното место на церемонијата. Иако “Медисон сквер Гарден” беше домаќин на последната њујоршката церемонија во 2003 година, овој пат конкуренција се појави и од “Барклис центар” – салата, изградена делумно од Џеј Зи, каде што се одржуваат концертите по влегувањето во рокенрол салата на славните.
И покрај заминувањето на наградите “Греми”, Лос Анџелес останува домаќин на најпрестижните кинонагради “Оскар”, кои ќе се одржат на 4 март.