Писмата датираат пред да ги напише најдобрите романи на сите времиња, како што е „Старецот и морето“, во кој пишува за невозвратената љубов.
Пред да стане еден од светските познати писатели Ернест Хемингвеј бил само едно вљубено момче.
Деталите на две љубовни писма , добро криени од очите на јавноста повеќе од 90 години, прв пат се објавени во париската Ревија и откриваат дека бил лудо вљубен во девојчето од одделението, кое се викало Френсис Елизабет Коутс.
Нејзината внука открила дека како студенти заедно работеле на училишниот книжевен часопис, а нивната кратка врска оставила силен впечаток на писателот.
Писмата датираат пред да ги напише некои од најдобрите романи на сите времиња, како што е „Старецот и морето“ ,во кој ја овековечил приказната за невозвратената љубов.
Во молбата која ја испратил на својата сестра, Хемингвеј напишал.
„Повикај ја Френсис Коутс. Кажи ѝ дека твојот брат е на смрт. Кажи ѝ – те молам , нема изговор, пиши му. Повтори и ја мојата адреса за подоцна да нема изговор зошто не се јавила! Кажи ѝ дека ја сакам , без оглед на сè!“
Хемингвеј живеел во надеж додека тој и Френсис разменувале писма, но очигледно е дека таа врска за неа била безначајна, бидејќи Френсис во меѓувреме се омажила за друг човек по име Џон Грејс.
Хемингвеј се женел неколку пати, но секој негов брак се завршувал со развод, и тоа поради неговата прељуба.
За жал, содржината на писмата кои Френсис му ги упатила допрва треба да се откријат, познати се две писма упатени кон неа, кои Хемингвеј ги испратил додека бил стациониран како возач на Брза помош во Италија во текот на Втората светска војна.
Во едно од љубовните писма кои ги напишал во стационарот на американскиот Црвен крст, каде бил сместен после гранатирањето 1918 година, рекол:
„Сега можам да читам, да раскажувам и да пишувам љубовни писма на италијански. Никогаш никого не сум го нарекол „мое богатство“ но „tesor a mea“ просто излезе од моето перо. Дури тогаш ја видов убавината на тој јазик, па морам да најдам некој да ги усовршам основите“.
Ова не е прв пат односот на Хемингвеј со Френсис да дојде во центарот на вниманието.
Неговите бројни дела се инспирирани со нејзиното постоење. Краткиот расказ, проникнат со сексуален набој.„Горе во Мичиген“, објавена 1923 година , чиј главен лик е девојката Лиз Коутс, опишана е како згодна девојка со „добри нозе“.
Писмата од кои ги дознаваме со години криените чувства на најпознатиот писател на сите времиња, ги објавил Роберт К. Елдер, коавтор на книгата „Скриениот Хемингвеј“.
Деталите за односот на Хемингвеј и Френсис ги раскажала нејзината внука Бетси Фермано, а фактите ги поткрепила и со нивните заеднички фотографии.
С.В.