Решението опфаќа замрзнување на сиот движен и недвижен имот, сметките на компанијата „Трансмет“, телевизијата Нова и уште некои фирми.

Судијка на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 попладнево на барање на Специјалното јавно обвинителство донела решение за замрзнување на имотот на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, против кого се води постапка во случајот „Труст“, а којшто во моментов е во бегство, дознава Актуелно од извори од Кривичниот суд.
Според информации на порталот, решението кое опфаќа замрзнување на сиот движен и недвижен имот, сметките на компанијата „Трансмет“, телевизијата Нова и уште некои фирми каде што тој има удели, но и неговите приватни сметки, веднаш по донесувањето е испратено до СЈО.
Сеад Кочан е на „службен пат“ од 9 март.