Актерот Мајкл Паркс, кој играше во култната серија „Твин Пикс“ и во филмот „Кил Бил“, почина на 77 години, јавија денеска американските медиуми.
Веста за неговата смрт ја објави на социјалните мрежи, режисерот и негов пријател Кевин Смит, а потврдена е од агентот на Паркс.
Овој актер во текот на својата кариера играше во филмовите на најпознати режисери, како што се Квентин Тарантино и Роберт Родригез.
Во првиот и вториот дел Кил Бил го играше ликот на Ерл Мекгро и Естебан Вихајо