Временска прогноза

од Vladimir Zorba
147 прегледи

 

 Времето во Македонија во раните утрински часови значително облачно со слаб локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во јужните делови повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од 19 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 28 степени

Најтопло ќе биде во сабота, кога на повеќе места дневната температура ќе надмине 30 степени, а ќе дува и засилен западен ветер. Во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во вторник. Ќе дува и умерен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.