Турција изврши успешно тестирање на ракета со голем дострел

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

Турција изврши успешно тестирање во Црно Море на првата ракета со голем дострел од домашно производство, изјави турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик. 

Ракетите, кои во турската армија се познати под името „Бора“, но на странскиот пазар ќе бидат пуштени под марката „Каан“ имаат дострел од 280 километри, калибар од 210 милиметри и боева глава со тежина од 470 килограми.

Тие се произведени од турската компанија „Рокестан“. Тестирањата се извршени во турскиот црноморски округ Синоп.

Во меѓувреме турскиот гигант во одбранбената индустрија „Аселсан“ потпиша договор со турското Министерство за одбрана за модернизација на тенковите М60Т во вредност од 125 милиони долари, пишува „Хуриет дејли њуз