Продолжување на мандатот на градоначалниците и советите без претходно да се избере нова Влада би било кобна грешка.
Блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ за да не се конституира Собранието на Република  Македонија, како и одбивањето на Ѓорге Иванов да го даде мандатот за состав на Влада на партиите кои имаат парламентарно мнозинство, доведе до тоа да имаме тотален институционален хаос и колапс на државата во целина, сметаат во Демократскиот сојуз .
Сега на веќе истечен мандат на советите и градоначалниците, се алармира демек локалната самоуправа ќе биде парализирана и ќе има последици по нормалното функционирање на власта на локално ниво.
Извесно е дека ќе има проблеми, но уште посигурно е дека има решенија кои извираат од Законот за локална самоуправа.
Продолжување на мандатот на градоначалниците и советите без претходно да се избере нова Влада би било кобна грешка. Во таа замка веруваме дека парламентарното мнозинство нема да падне. Прво избор на нова Влада па локални избори.
Локалната самоуправа ќе функционира со одредени ограничувања сé до одржување на локалните избори, кои треба што е можно побрзо да се организираат, а на претседателот на Парламентот никој не може да му го оспорува правото да определи датум и да ги распише локалните избори, соопштуваат денеска  од Демократскиот сојуз .

Слични содржини