Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност (АНС) на САД, Едвард Сноуден ја обвини  АНС за глобалната кибер напад од вчера , пренесе Telepraph.co.uk. 

Тоа го направи тој преку својот  профил на “Твитер”. Според него, она што се случи можеше да биде спречено.

Тој инсистира Конгресот да побара објаснување од Агенцијата за случајот.

 


Потсетуваме дека над 80 земји беа погодени од сајбер нападот. Беа погодени болници, институции и организации.

Светските лидери признаа дека станува збор за глобален проблем.

Сноуден живее во Москва, бидејќи Русите му дадоа азил, откако откри доверливи информации во 2013 година, што предизвика меѓународен скандал  поради обелоденетотот  прислушување и следење, извршено од американските служби.