Тој прави неверојатно реалистични женски актови – невиден талент!

од Vladimir Zorba
743 прегледи

На овој мексикански уметник најомилена техника му е сликањето со масло, а најдраг мотив му се прекрасните жени. Омар Артиз одлучил да живее од своите хиперреалистични слики.

Иако мотивите на убавите жени му се најомилени, Омар Ортиз(40) од Мексико, не ги слика само нив, туку се што гледа. Овој уметник фасцинира со своите хиперреалистични слики.Додека го гледате неговиот женски акт, на прв поглед тешко е да процените дали пред вас стои вистинска жена од крв и месо или станува збор за слика. Неговата работа всушност се карактеризира како минималистички хиперреализам во кој преовладува човечкото тело. Изложувал насекаде – во Мексико, Шпанија, Холандија, Велика Британија…

-Откако почнав да сликам,  секогаш се обидував да ги претставувам работите што е можно пореалистични. Понекогаш успевам , а понекогаш не. Но, факт е дека мене ми е тешко да работам поинаку- вели овој уметник.

-Уживам во едноставноста на своите дела , бидејќи верувам дека претерувањето не чини повеќе сиромашни отколку богати-додава.

Уште како дете покажал голем интерес за цртање и илустрирање. Дипломирал графички дизајн каде научил да ги користи техниките како што се рачно цртање , пастели, дрвен јаглен, водени бои, акрил.

После завршениот факултет одлучил да живее од сликање. Моментално работи маслени бои, бидејќи смета дека таа техника е најблагородна.


Omar Ortiz