Мајкл Паркс најпознат по улогите во филмовите “Kill Bill” и “From Dusk Till Down
Американскиот пеаш и глумец Мајкл Паркс почина во 78. Година, потврди Парксовиот агент.
Паркс кој филмската кариера ја започнал 1965 бил познат како сјаен карактерен глумец, а режисерите го обожавале, а особено Квентин Тарантино, Роберт Родригез и Кевин Смит.
Паркс се прославил во подоцнежниот период на својата кариера, а се започнало 1996 , кога се појавил во филмот “From Dusk Till Down”, после што следат ангажманите во двата дела на остварувањето на “Kill Bill”, па во хитовите “Django Unchained”, “Argo”, “Grindhouse”…
Тарантино често истакнувал дека го сака Парксовиот стил на глумата, а Кевин Смит од сјајниот глумец се простил со зборовите дека Паркс бил најдобар глумец со кој работел и дека сценаријата на филмовите “Red State” и “Tusk” ги напишал само за Паркс.