Мажите не плачат, сите до болка сме го слушале овој израз, нели?
“Немој да плачеш, ти си маж!”, е израз кој често им го велиме и на своите деца. Да, жените сме емотивни, но тоа не значи дека и мажите не можат да бидат сентиментални. Особено во случаите кога се присутни, гледаат или читаат нешто навистина драматично и трогателно.
Но, сепак колку и да се навидум поцврсти и мажите сочуствуваат. Ви приложуваме листа на филмови на кои „и мажите плачат“.
“Девојка за милион долари” (2004 година)
Филмот, кој донесе “Оскар” на Хилари Свонк, Морган Фримен и се разбира, големиот Клинт Иствуд, кој освен што е режисер, сценарист, влегува и во главната машка улога. Лентата раскажува за амбициозна боксерка која живее исклучително тешко и сиромашно, но сонува за голема победа. Филмот е за внатрешната борба за силата на волјата и карактерот, за соништата, за пријателството и за доброто кое живее внатре во нас, колку и да го негираме.

Гладијатор (2000)
Максим е влијателен римски генерал, сакан од народот и од стариот император Марко Аурелиј. Пред неговата смрт императорот го избира Максимус за свој наследник наместо синот Комодус и во борбата за власт Максимус и неговото семејство се осудени на смрт. Генералот не успева да го спаси своето семејство и обземен од очај, дозволува да го фатат и да го принудат да учествува во гладијаторските игри до својата смрт. Единствено што го крепи, е можноста да дојде до врвот, за да може да погледне во очите на мажот кој ја бара осветата.
Чудесната игра на Расел Кроу во филмот ги насолзува со години како дамите, така и господата. Драмата е наградена со 5 оскари , вклучувајќи за најдобра улога на Расел Кроу и за најдобар филм.
“Зелениот пат” (1999 година)
Филмот е екранизација на книгата на Стивен Кинг. Раскажува за крупен црн маж кој е обвинет за убиство на две девојчиња и осуден на смрт. Но, она што е посебно е дека овој огромен и страшен на изглед маж, има божествена сила да лекува. Филмот е длабок, филозофски, тажен и на крајот на филмот дефинитивно може да се видат солзи во очите на секој негов гледач, без разлика на полот.
“Животот е убав” (1997 година)
Најдраматичниот филм е дело на Роберто Бенини, кој освен што е режисер и сценарист, ја игра и главната машка улога. Женската улога е доверена на неговата сакана во животот – Николета Браски. Филмот ја следи приказната на млада вљубена двојка, која има дете. Во екот на Втората светска војна, сепак семејството е поделено и испратено во нацистички концентрационен логор. Таму, таткото, Роберто Бенини, почнува да му ги презентира на малиот син исклучително тешките услови во кампот за игра која тие двајцата треба да ја добијат. Филмот е неверојатно силен, со прекрасна актерска игра, и ако во првата половина на филмот ќе се кинете од смеа, тогаш во втората половина ќе рикате како магариња. Ама навистина!
“Шиндлеровата листа” (1993 година)
Филмот ја раскажува приказната на Оскар Шиндлер, успешен бизнисмен и член на нацистичката партија, кој го спасува животот на над илјада Евреи во Втората светска војна. Лентата е посветена на неговиот хероизам и висок хуманизам спрема стотиците Евреи, кои биле на влакно од смртта во концентрациони логори, но имале среќа да се спасат. Исклучително тежок и силен филм кој може да го растревожи секој.