(ВИДЕО) Страшна автобуска несреќа: Двесет и три лица загинаа во Мармарис

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Дваесет и три лица загинаа денеска во автобуска несреќа во околината на туристичкиот турски град Мармарис, во округот Мугла, а други осум лица се тешко ранети, изјави градоначалникот Амир Чичек, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Автобусот превезувал локални туристи, претежно жени и деца, кои патувале кон Мармарис од западниот округ Измир на еднодневна екскурзија.

Возилото удрило во карпа и се превртело, откако претходно возачот загубил контрола врз него.

– Во авотбусот немало странски туристи. Причината за несреќата се истражува. Можно е да имало проблем со кочниците – посочи Чичак.