
Десетици илјади приврзаници на опозицијата во Албанија се собраа во саботата на многу илјадниот митинг во главниот град Тирана, на кој лидерот на главната опозициска Демократска партија на Албанија (ДПА), Љуљзим Баша повика земјата да стане “нова република”, објави Балкан Инсајт.
За време на својот говор пред насобраните граѓани тој побара оставка од премиерот Еди Рама.
Баша изјави дека сè што е потребно е да се направи нов концепт за “нова република”.
“Ние, како обединети Албанци, нема да прифатиме стара република на дрога и криминалот”, беа дел од зборовите на опозицискиот лидер.