Претседателите на Словенија, Хрватска и Црна Гора, Борут Пахор, Колинда Грабар-Китаровиќ и Филип Вујановиќ ја повикаа ЕУ повторно да го фокусира вниманието на регионот.

Како што тие навеле, Балканот е изложен на “штетни ефекти” и Европската унија треба “да стори сé” со цел регионот да не стане безбедносен проблем.
Претседателот на Словенија Пахор,ка на меѓународната конференција 2BS (To Be Secure) во Будва изјави дека Македонија и Босна и Херцеговина “,што е можно поскоро” треба да станат членки на НАТО и да од проширувањето на регионот исклучок е Србија, која “се потпира на безбедноста” политика на Москва, информира подгоричкото радио “Антена М”.
Според него, односите во регионот се влошени и проширување на ЕУ нема да оди брзо.
“Тоа што НАТО направи во врска со проширувањето на Црна Гора, мислам дека то и недостасува на ЕУ кога се гледа позиција во Западен Балкан”, изјави Пахор на панелот на кој се вклучија и претседателите на Хрватска и Црна Гора, Колинда Грабар-Китаровиќ, и Филип Вујановиќ.
Тој повика на дијалог со Русија и за “нова фаза на соработка” со таа земја.