
Ова откритие ги зголемува постоечките капацитети на шуми за околу 9 проценти и значајно ги намалува проценките за тоа колку јаглерод диоксид користат растенијата за својот опстанок. Новите шуми се пронајдени при пребарувањето на сушните области во Африка, околу Средоземјето, централна Индија , брегот на Австралија и на западот на Јужна Америка. Своето истражување го објавиле во списанието Science.
Студијата ги зголемува проценките на резерви на јаглеродот во шумите на планетата за 15 гигатони, што е пораст за 20 проценти во однос на претходните проценки.