(ФОТО) Со кого го прослави Џорџ Клуни роденденот?

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Џорџ Клуни наполни 56 години во ѕвездено друштво. Заедно со Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер тој се провозе по реката Темза. Токму супермоделот пушти забавно слефи на Instagram, со натписот: “Секогаш можеме да сметаме на него за фотобомб!”.

Всушност друштвото славело двоен роденден, бидејќи и Ренди наполнил 55 години претходно неколку дена. Претходно во текот на неделата тој објави фотографија од подарокот за Клуни. Името на заедничката компанија за текила “Касамигос“ (Дом на пријателите) е испринтано на бодија за бебињата кои ги очекува наскоро Клуни. Некаде кон крајот на јуни Амал Клуни се очекува да ѝ подари на холивудската ѕвезда близнаци – момче и девојче.

Ренди и Џорџ се многу блиски пријатели. Тие поминуваат две години во развојот на својата текила, а потоа две години ја пијат, според зборовите на Ренди од негово неодамнешно интервју. Тие одлучиле да вложат пари во бизнис настојувајќи да имаат своја марка текила, откако почнале да порачуваат над 1.000 шишиња годишно од една дестилерија, открива сопругот на Синди.

Еве и кадар од двајцата како позираат на забавата за родендените со чаша текила во рака и огромна торта, подарена лично од Амал Клуни.