Финансиската полиција поднесе кривични пријави против поранешни градоначалници

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Управата за финансиска полиција подготвила пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице.

Пријавите се поднесени во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое соопшти дека ги проучува пријавите и ќе се произнесе за нив.

„Кривичните пријави се поднесени поради основан сомнеж дека се направено кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството./МЕТА