Компании за сајбер безбедноста откриле технички докази кои ја поврзуваат Северна Кореја со светскиот хакерски напад , кој го погоди повеќе од 300 000 компјутери во 150 држави од петокот, соопштува Ројтерс.

 

Русија нема ништо заедничко со сајбер нападите- САД е извор на вирусот, категоричен Путин

 

Symantec и Kaspersky Lab најавија дека код во претходната верзија на злонамерниот софтвер “Уонакрај” (WannaCry) се појавил исто во програми кои се користат од Lazarus Group. Многу компании имаат воспоставено дека групата е поврзана со Хакер операции на Северна Кореја.

Тоа е најдобрата индикација која сме виделе досега во однос на потеклото на “Уонакрај” , рече Курт Баумгартен од Kaspersky Lab за новинската агенција.

Двете фирми истакнаа дека е премногу рано да се каже дали Северна Кореја е вмешана во нападите, базирано на докази, кои се објавени во “Твитер” од Нил Мехта од Google.

Компаниите истакнаа дека им е потребно повеќе време за да го проверат кодот и побараа помош од други за анализата.

 Европски и американски претставници во безбедноста изјавија  за агенцијата дека е премногу рано да се каже кој стои зад нападите, но и тие не исклучуваат тоа да е Северна Кореја.

FireEye Inc, друга голема компанија за сајбер безбедноста, истакна дека ја истражува можната поврзаност.

Се верува дека хакерите од Lazarus Group украле 81 милиони долари од централната банка на Бангладеш.

Според САД хакерите  собрале помалку од 70 000 долари откуп со нападот. Сепак суштината на овие напади не е  во парите туку во демонстрација на моќта.