Учениците од втора година на гимназијата Никола Карев во Скопје денеска ја бојкотираат наставата и потестираат внатре во холот на зградата. Директорката на гимназијата и обезбедувањето не дозволуваат пристап на лица од надвор и на медиуми.

Неофицијано дознаваме дека бојкотот го организираат ученици од втора година, кои не сакат да им се делат класовите, бидејќи од наредната трета година тие ќе треба да се насочат во кои различни смерови.
Практиката досега беше да се формираат нови парлалеки со мешање на класовите заради новите смерови кои од општа преминуваат во конкретна насока: математичка, јазични или општествена , а кои почнуваат со трета година.
Овојпат класовите бараат паралелеките да останат исти, а да се направи реорганизација на професорскиот кадар и распореди на професорите кои ќе ги покриваат различните смерови, а паралелеките да си останат исти да не се мешаат, како што си започнале од првата година.Учениците и родителите бараат на прво место да бидат учениците , а не комоцијата на професорите, особено што секоја година се настапува со исти барања и секогаш истите се игнорирани од директорката.
Засега нема официјална информација од училиштето, дали можеби има и други причини за бојкотот, особено што таму има одамна забелешки на некои професори кои имаат некоректен однос и кон учениците и кон колегите, но исто така е и фактот дека таквите забелечки се игнорираат иако редовно се упатуваат на родителските средби совети и одбори.
На новинарите не им се дозволува пристап, ниту има официјаолно сооштение што се случува во скопски Карев.