
Врховниот касационенсуд на Италија пресуди дека поранешниот премиер Силвио Берлускони ќе треба да плаќа месечна алиментација од 2 милиони евра на поранешната сопруга Вероника Ларио.
Пресудата на највисокиот суд беше објавен во вторникот, иако последната седница за случајот беше во ноември минатата година и тогаш обвинителството предложи намалување на големината на издршката. Во 2013 првостепениот суд пресуди во корист на Ларио и таа тогаш доби алиментација во износ од 3 милиони евра месечно.
Судиите беа мотивирани од тоа што Ларио му роди на Берлускони три деца, за кои сега таа треба да се грижи, а освен тоа и да може да го задржи својот животен стандард кој имала на располагање за време на 20-годишниот семен соживот.
По пресудата на судот Берлускони го нарече судиите “феминистки и комунистки”.
Адвокатот на Берлускони поднесе жалба на судската одлука и во 2014 Апелациониот суд на Милано ја намали големината на издржување на 2 милиони евра месечно. Берлускони сепак одлучи повторно да поднесе жалба и случајот стигна во Врховниот суд.
Врховните судии истакнуваат во мотивите дека Берлускони е еден од најбогатите луѓе во светот и разликата помеѓу неговите приходи и оние на неговата поранешна жена е значителна. Во овој контекст, Судот остава без промена на големината на издршката за Ларио.
Берлускони се ожени двапати и двата пати склучувал граѓански брак. Во март 1965 се ожени за Карла Елвира Дал’Ољо. Бракот трае 10 години и од него се раѓаат 2 деца – познатите претприемачи Марина и Пјер Силвио.
Во 1980 Берлускони се запозна со актерката Миријам Рафаел Бартолини, позната како Вероника Ларио. Двајцата имаат 3 деца – Барбара, Елеонора и Луиџи. Десет години подоцна двајцата склучуваат и официјален брак. Во 2009 Ларио објави јавна одлука дека се разведе.
Во февруари 2014 процедурата за разводот беше финализиран во судот во градот Монца, но сопружниците продолжија да се судат за големината на издршката. Во моментов 80-годишниот Берлускони е во врска со 31-годишната Франческа Паскале, која уште пред 4 години изјави дека сака да се омажи за него.