Завршени се припремите за 70. Филмски фестивал во Кан, кој започнува утре. 
Градот е украсен со постери, поставени се бините на кои ќе бидат одржани активностите на еден од најпрестижните филмски смотри во светот, кои траат до 28. мај.
Во близина на булеварот Croisette каде што ќе поминуваат филмските екипи од безбедносни причини ќе биде поставена железна ограда. Фестивалот ќе биде отворен со филмот “Ismael’s Ghosts”, на францускиот режисер Arnauda Desplechina.
Заштитно лица на овогодинешниот Филсми фестивал во Кан е славната италијанска глумица Клаудиа Кардинале. Претседател на жирито ќе биде Педро Алмодовар, а славната италијанска глумица Моника Белучи оваа година , по вторпат после 2003. ќе биде водителка на свеченото отворање и затворање на Филмскиот фестивал во Кан.