Британците со нови проблеми поради Брегзит

од desk3
161 прегледи

Велика Британија би можела да влезе во нови проблеми поради одлуката за излегување од Европската унија. Всушност  според пресудата на Европскиот суд на правдата Британците ќе мора да почекаат и да се надеваат дека ќе добијат согласност од секој парламент на државите членки како би влегле во било каков друг договор за слободна трговија со ЕУ после Брегзит.

 

Оваа одлука би можела да го отежне секој обид  на ЕУ да раскине или пак да склопи договор за слободна трговија, со обзир на тоа дека Судот заклучил оти  е неопходна ратификаија со парламентите на државите членки.

Toа, Велика Британија ќе ја доведе во ситуација да мора да ги чека ратификациите  на околу 32 парламенти, со обзир на тоа дека Белгија има и регионални парламенти кои се составен дел на властите. Пресудата додатно ќе влијае на должината на преговорите за Брегзит, односно за новите договори за слободна трговија после Брегзит кој го бара Лондон.