
Принцезата Мако, внука на јапонскиот император Акихито, најави дека ќе се омажи за свој соученик од универзитетот во кој таа учела. Свадбата е планирана да се одржи во текот на следната година. Сопругот на 25-годишната принцеза ќе стане Кеј Комуро, со кого заедно оделе на Меѓународниот христијански универзитет во Токио. Тој е голем обожавател на морињата и океаните и работел во туристичката сфера. Моментално Комуро живее во Јокохама и работи во банка, пренесе Japan Times.

Мако веќе го запознала избраникот на срцето со својот татко, принцот Акисино, и мајката, принцезата Кико.
Ако бракот се склучи, тогаш принцезата ќе треба официјално да го напушти стаусот што и припаѓа како член на царското семејство, бидејќи такао пропишува законот во Јапонија. Сепак, таа е подготвена на сè, за да заживее во граѓански брак со Кеј Комуро кој нема никакво благородничко потекло.