Хакери пуштија порно снимка на инфо табла на главната железничка станица во Вашингтон

од Vladimir Zorba
93 прегледи

– Хакери упаднале во системот на информациската табла на централната железничка станица во Вашингтон, „Унион Стејшн“ и на неа објавија видеа со порнографска содржина.

Инцидентот, што траел само неколку минути, се случил во време на вечерниот сообраќаен шпиц.

Како што јави ТАСС, информациската табла што беше цел на хакерскиот напад, била поставена неодамна.

„Унион Стејшн“ се наоѓа на само неколку минути од Конгресот на САД.