Компјутерски пирати ги уценуваат Дизни за “Пиратите од Карибите” 5

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Хакерите добиле пристап до една од култните суперпродукции на компанијата “Волт Дизни”.

Тие го уценуваат студиото за пари, инаку се закануваат дека ќе го пуштат во интернет просторот “Пиратите од Карибите. Одмаздата на Салазар “, соопштува Hollywood Reporter.

Според изданието хакерите побарале од компанијата да им исплати импозантна сума во биткоини. Ако тоа не се случи, прво ќе се стави 5-минутна рамка од филмот, а потоа и сцена со времетраење од 20 минути.

Веста за хакерскиот напад гп потврдил и извршниот директор на “Волт Дизни” Боб Ајгер, но без да прецизира за кој филм станува збор. Сепак, тој увери дека компанијата одбила да отстапи пред таа уцена. Според анонимни извори компанијата соработува со полицијата и трага за евентуално пуштање на филмот на интернет.

Сајтот Дедлајн потврдува дека станува збор за новиот дел на “Пиратите од Карибите”, кој се очекува да замине на 26 мај.

Други изданија пак сметаат дека станува збор за новите авантури на познатиот лик на “Пиксар” Меквин кои се предвидува да излезат на екран во јуни.