„ Во кое својство го потпишавте договорот?”- “Вицепремиер и министер за здравство “ – одговори Тодоров. Иако тој заборави и дека е пратеник во парламентот со верификува мандат, гласа во парламентот а истовремено по Устав не може да биде и министер !?

Техничката влада во заминување, потпиша договор за изградба на нов Клинички центар во Скопје тежок 72 милиони евра. Церемонијата заврши за рекордно кратко што не беше случај при потпишување на вакви договори во минатото. Во свечената сала во Владата на Република Македонија освен техничкиот премиер Емил Димитриев беше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски. По поптишувањето Никола Тодоров не дозоли новинарски прашања. Но, при обидот да побегне од камерите, сепак даде одговор, дека бил министер , и во тоа својство и потпишува.
За дел од професорите по управно право, ова потпишување е спорно. Според нив, Тодоров не смееше да стави потпис на договорот.
„Од аспект на добри практики тој можел да почека. Ова е вулгарно, а од аспект на чиста законитост малку е контраверзно што во исто време е и пратеник и министер. Инаку процедурата е завршена и македонските оператори кои треба да градат се избрани, понудувачот е избран, тој само сега го потпишува договорот. Ако некој сака да ја спори законитоста тоа можер да го направи и по ова.“ – изјави за АлсатМ ,Драган Гоцевски, професор.
Но, Тодоров на церемонијата се обиде да појасни зошто потпишал.
„Некои луѓе сакаат нешто да се случи, други посакуваат тоа да се случеше. Но, оние вистинските го прават тоа навистина да се случи. На овој проект јас и мојот тим работевме напорно и посветено. За цело време ја имавме полната поддршка од Владата и од Премиерот Груевски , но, овој проект не е смо наш проект ова е национален проект. – вели Никола Тодоров ,вицепремиер во техничката влада
Но, Тодоров не го повика новиот мандатар Зоран Заев на потпишувањето, иако тој ќе треба да го спроведе проектот ако формира влада. Освен министерот за здравство во заминување, од камерите побегна и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, но и инвеститорот, иако тие беа тука и сле сликаа.
Новиот Клинички ќе го гради конзорциумот „Бетон и Гранит заедно со италијанската Инсо Системи. Краен рок за изградба е за 45 месеци. „Инсо системи“ во изминатиот период ја брануваше јавноста дека е со негативен бонитет и спротивно на тендерските услови е избрана да го гради Клинички центар „Мајка Тереза.“
Од СДСМ пак најавија ревизија на сите проект на техничката влада.
-Владата со технички овластувања нема овластување да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање, откако денеска министерот за здравство во заминување Никола Тодоров, потпиша договор за изградба на Клинички центар со три компании, вреден 72 милиони евра.
-Најавуваме дека ќе има ревизија на работењето на Владата со технички овластувања во заминување. Меѓу другото ќе бидат преиспитани и процедурите преку коишто во последен момент, пред трасферот на власта, Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов Клинички центар што треба да се реализира во иднина, изјави Шилегов.
Тој најави дека нов Клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска Влада, постапката на изградба ќе се одвива на транспарентен начин, не како сега, низ политиканство и на крајно сомнителен начин.
Овој договор кој се потпиша во свечената сала на Владата, се случува во исто време кога во тек се преговорите за состав на новата влада предводена од СДСМ. Се очекува градежните работи да траат 45 месеци од почетокот на градбата.