Решено е ! Милионите на Принс одат кај …

од Vladimir Zorba
88 прегледи

По повеќе од една година од смртта на поп легендата Принс, судот во Минесота пресуди дека неговите шестмина браќа и сестри ќеја  наследат неговото богатство, во висина од над 200 милиони долари.

До судските битки се дојде откако се покажа дека поп ѕвездата не е оставила никаков аманет и завет, а повеќе од 45 лица изјавија  дека се негови сопруги, деца, браќа, сестри или друг вид роднини. Судот пресуди  дека нивните претензии за наследсво се неосновани, но голем дел од нив ќе ги обжалат одлуката и нивните жалби се уште се испитуваат конечна и од Апелациониот суд во Минесота.

Судијата  Кевин Еид изјави дека додека приговорите не бидат разгледани, тој нема да им даде на законските наследници контрола врз средствата на пејачот и покрај барањата на адвокатите , кои тврдат дека понатамошно одложување ќе доведе до зголемување на трошоците околу зградата на Принс и ќе го попречува неговото владеење.

Мега ѕвездата Принц почина на 57-годишна возраст на 21 април 2016 година Капиталот му се проценува на 200 милиони долари. Се очекува, сепак даноците да зафатат околу половина од оваа вредност.