Вечерва и во наредните два дена за љубителите на класична гитара концерти во Културно информативниот центар

од desk3
87 прегледи

 

Во Скопје по четврти пат ќе се одржи Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло П.С. Гитар фест“. Ќе се натпреваруваат студенти и ученици во категоријата класична гитара. 

Настапите ќе ги оценува жири кое е составено од познати гитаристи – Дарко Багески и Александар Крстановски од Македонија, Џевдет Сахатџија и Антонио Руменовиќ од Хрватска, Дарко Карајиќ и Бошко Радојковиќ од Србија и Стела Динкова од Бугарија.

Победниците на натпреварот ќе добијат награди, а скопската публика ќе има можност да посети три концерти во Културно информативниот центар вечерва и во следните два дена, со почеток во 20 часот.

Град Скопје и Детскиот културен центар “Карпош” манифестацијата ја оргнаизираат по четврти пат.