Внимание: Социјалните мрежи создаваат поголема зависност од цигарите или алкохолот

од desk3
95 прегледи

 

На почетокот на оваа година Royal Society for Public Health и  Young Health Movement, извршиле истражување врз 1500 млади луѓе од 14 до 24 години. На испитаниците им е поставено прашање како одредени социјални мрежи влијаат врз здравјето , вклучувајќи ги тука анксиозноста, депресијата, осаменоста, сонот, интернет злоставувањето, а добиените резултатите не се нималку охрабрувачки, но дефинитивно очекувани.

Резултатие покажале дека Instagram мрежата има најголемо влијание на менталното здравје на младите луѓе бидејќи ја нарушува перцепцијата на телото, го зголемува ставот од пропуштеното па има штетно влијание на сонот.

Позитивните страни на   Instagram се креативното истражување, самосвеста и заедницата.

На второто место се најде  Snapchat која е најнегативна социјална мрежа која предизвикува  стравот од пропуштеното,  злоставувањето, додека  Facebook  како најпопуларна социјална мрежа на светот е во средината.

Facebook негативно влијае врз сонот, стапката на злоставувањето е висока, но позитивни аспекти се што заедиците што се создаваат имаат „емоционалната поддршка“.

Сличен на Facebooku е Twitter, додека YouTube е единствена платформа која во најголем дел има позитивно влијание на менталното здравје благодарејќи на високиот степен на подигање на свеста и креативното истражување.
Според зборовите на  Shirley Cramer, директорката на  RSPH, социјалните мрежи создаваат поголема зависност од цигарите и од алкохолот и денес толку многу се имаат вовлечено во животите на младите луѓе што повеќе не може да се игнорираат во разговорите за менталното здравје.