Владејачката турска Партија на правдата и развојот започна конгрес за реизбор на претседателот Реџеп Ердоган за свој претседател. Ова станува возможно по референдумот од минатиот месец, пренесува “Асошиејтед прес”.
Ердоган ќе се врати како лидер на партијата, на која е основачсоздаде, по вонредниот конгрес во Анкара. Референдумот за уставните измени минатиот месец го отстранил условот претседателите да бидат неутрални и да ги прекинат врските со политичките партии.

Се очекува конгресот да трае цел ден . Актуелниот претседател на партијата – премиерот Бинали Јилдирим, како и самиот Ердоган ќе злезат со говори, а потоа е формалното гласање.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се враќа повторно во турск на сила по победата на референдумот за проширување на овластувањата , пишува “Франс прес”.
По влезот и потпис на документот сопартијците извикуваа со бурни аплаузи и ја пееја националната химна .
Ердоган бил придружуван од неговата сопруга Емине и седи до претседателот на АКП и премиер Бинали Јилдирим.
Откако Ердоган потпишал документот, Јилдирим му рекол на претседателот дека се вратил “дома” , додавајќи: ” Добредојдовте, за нас е чест “.
