СЈО отвори три нови истраги и бара продолжување на мандатот!

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 

Специјалното јавно обвинителство денеска објави три нови истраги под името Талир, Траекторија и Тревник. За сега нема да има барање на притвор на осомничените, но до колку има притисоци  и сомнитително однесувања не се исклучува и барање за мерки притвор.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција соопшти дека станува збор за финансиски истраги и оти две се за незаконитости во постапка на градење.

Јанева побара од новото парламентарно мнозинство да се укине членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство со што би се продолжила работата на ова обвинителство.

Рече дека 55 проценти од прислушуваните разговори кои ги поседуваат сега не се разгледуваат и оти работат на случаи отворени врз основа на веќе обработените податоци.

– Ова јавно обвинителство ќе продолжи со работа се додека не се истражат овие разговори што ги поседуваме, а со цел да го исполниме мандатот за кој постоиме, рече Јанева