Заев и Ахмети во завршница на преговорите

од Vladimir Zorba
119 прегледи
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција денес на работна средба во седиштето на ДУИ во Тетово, го пречека лидерот на СДСМ, г.Зоран Заев.
Ахмети и Заев разговараа околу форматот на процесот на формирање на Новата реформска влада на Македонија и предностите на новото мнозинството во земјата, соопштуваат од ДУИ.
Лидерите на двете партии се согласија околу принципите за владеење со што, ги повторија приоритетите на новото мнозинство кои опфаќаат сериозни реформи во владеењето на правото во согласност со препораките на меѓународната заедница, интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, Охридскиот Договор и добрите меѓуетнички односи како и отворање на нови работни места и економскиот развој заедно со развојот на животниот стандард.
Еден од предностите на владеењето ќе биде непосредна интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што, страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел.
По принципиелното усогласување на програмата, двајцата коалициски партнери разговараа и околу распределбата на ресорите и се согласија дека новиот владин кабинет има потреба за одговорни и квалификувани кадри за продолжување на овие многу значајни процеси за нашата земја, се вели во соопштението на ДУИ.