Седум пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ учествувале во отворањето на вратата на Собрание

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ знаеле или учествувале во отворањето на главната собраниска врата за демонстрантите на 27 април покажуваат снимките од собраниските камери кои ги објави телевизија „Телма“.

Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија, објави телевизијата.

Во целата акција за влез во Собранието учествувале вработени од Агенцијата за разузнавање, АРМ и УБК. На снимките се гледа како дел од пратениците ги насочуваат демонстрантите во различни насоки во Парламентот откако пратениците Василевски и Мукоски ја отвораат вратата./Мета