Синдикатите не сакаат бизнисмен на вицепремиерското место

од desk3
84 прегледи

Идејата вицепремиерското место да го добие бизнис заедницата е предаторска и нема да биде во корист на работниците – велат синдикатите потписници на повелбата за солидарност. За синдикатите овој предлог е во спротивност со инклузивното општество кое го промовира новиот мандатар и е во насока на фаворизирање на бизнисот.
„Македонија веќе има искуство со вицепремиерот бизнис заедницата, па гледаме до каде се работичките права и економската состојба. Хари Костов беше во владата и премиер, Минчо Јорданов, па и Пешевски доаѓа од бизнис заедницата. Внесувате лобист на заедница која е заинтересирана само за профит што е споротивно од јавен интерес и создава општество предаторско во кое опстојуваат само моќните и богатите. “ – вели Тамара Чаусидис – претседател на ССНМ.
Според синдикатите, големиот интерес на бизнис заедницата да дојде на вицепремиерското место ги покажува и нивните аспирации во иднина. Соработка мора да има, но таа треба да биде трипартидна и во рамки на Економско социјалниот совет, велат синдикалните претставници.
„Голем е интересот, сите стопански комори излегоа со свој кандидат и тоа треба нас како работници да не алармира, зошто по секоја цена инсистираат да влезат во владиниот кабинет. на то јначин сакаат да си ја подобрат и онака добрата позиција. Ни ќе бараме средба со мнозинството кои се нивните ставови и соодветно ќе донесеме заклучок како ќе делуваме.“ – вели Марјан Ристески – претседател на КСОМ.
Бизнис заедницата пак, смета дека досегашните политики го отежнуваа водењето на бизнисот. Кандидатот за вицепремиер, Неби Хоџа во 24 Анализа истакна дека токму
затоа тие треба да бидат рамо до рамо со власта.
„Тие секојдневно го отежнуваат бизнисот. Ние како бизнис сектор треба да бидеме рамо до рамо до власта и да бидеме дел од битните одлуки и политики за правење полесен амбиент за бизнисот. – вели Неби Хоџа од Стопанска комора на Северозападна Македонија.
Откако Стопанската комора на Северозападна Македонија го предложи Неби Хоџа за вицепремиерското место, и останатите бизнис асоцијации излегоа со свои кандидати. Стопанската комора на Македонија го предлага Кочо Анѓушев, додека Александар Зарков е предлогот на Сојузот на стопански комори. Новиот мандатар се уште не се огласил околу аргументите за и против, на вицепремиерското место да седне бизнисмен./24Вести