Путин ги разлути Бугарите со изјавата дека Словенската писменост во Русија е дојдена од македонската земја

од desk3
191 прегледи
 Денес во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда “, му рече Путин на Иванов на денешната средба во Москва.
Освен што оваа порака ја слушнавме преку медиумите, за неа соошти и официјланиот сајт на шефот на Руската Федерација. Путин на Иванов уште му рекол –  Вие дојдовте во Русија во необичен ден и по необичен повод – за доделувањето на наградата на Фондацијата ” За единство на православните народи “. Ова е веста од официјалниот сајт на Путин. 

 

Бугарските медиуми изненадени, пишуваат дека токму Путин  секогаш истакнувал дека Бугарија им ја дала на Русите азбуката. Во 2015 Владимир Путин рекол: “Ние имаме многу заеднички нешта со Бугарија. Блиски сме по род, јазик, култура, вредности, традиции. Ние сме им ја дале слобода, тие ни ја дадоа азбука”, вели бугарскиот Блиц.

За бугарскиот историчар и антимакедонист Божидар Димитров веста за Путин и азбукаа од македонските земји е скандал.

“Вистината е следнава – во времето на Кирил и Методиј, Македонија веќе 200 години била дел од Бугарија. Значи – каква Македонија, какви пет лева. Нема такво нешто! Она што го знаеме како официјална руска позиција – рускиот патријарх пред три години изјави дека азбуката, писменоста и христијанство Русија ги  добила од Бугарија.

Рускиот министер за култура Владимир Мединскиј изјави при откривањето на изложбата на Црвениот плоштад дека Русија и е должна на Бугарија, вклучувајќи и за писменоста и христијанство. Руската академија на науките неодамна ја издаде студијата “Историја на словенската книжевност”. Таму нема македонска секција, вели Димитров за бугарски Блиц.Путин, природно, знае што зборува, а што не, можеби станува збор за преиначување на неговите зборови.

Веројатно некој се обидува да направи измислен, меѓународен сканадал со лажни вести! ”

Други историчари исто коментираа дека во пракса Путин  ја кажува вистината, велејќи дека словенската писменост е дојдена од македонските земји. Бидејќи во тоа време таму живееле Бугари и тие биле дел од бугарската територија: “Азбуката доаѓа токму од македонските земји, центар на еден делво оние години е Солун, а останатите се во бугарското царство дури до Јадранското Море”, вели во реаакцијата бугарскиот историчар Божидар Димитров.