77
Генералниот секретар на НАТО Jens Stoltenberg рече дека претседателот на САД Доналд Трамп бил јасен во својот став да ја брани Европа.
Столтенберг рече и дека Трамп бил директен во барањето – членките на алијансата да трошат повеќе на одбраната.
Трамп не успеа да ги отргне грижите и сомневањата на НАТО сојузниците, но Столтенберг рече дека бил јасен и дека силно ја потврдил својата посветеност на алијансата и нејзините клучни принципи за колективна одбрана.
-Трамп беше јасен, кога станува збор за неговата посветеност на НАТО, но исто така беше и јасен со својата порака кон сојузниците дека мораат да се обврзат дека ќе трошат повеќе на одбрана – рече Stoltenberg, а пренесе Reuters.