Почина дизајнерката Лаура Биаџоти

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Италијанската дизајнерка Лаура Биаџоти почина на 73-годишна возраст во римска болница. Светските медиуми ја нарекуваа “Кралицата на Кашмирот”. Дизајнерката се почувствувала лошо во средата вечерта, по што била примена во градската болница со срцев удар.

Лаура Биаџоти е родена на 4 август 1943 година и ја започна својата кариера во 60-тите години на минатиот век, продолжувајќи го делото на својата мајка Делија Биаџоти.

Во 1972 година дебитира со сопствена колекција. Таа е првиот западен тренд сетер со ревија во комунистичка Кина во 1988 и во Москва во 1995 година. Покрај висока мода таа создава прет-а-портер и линија парфеми.