Според него, јасно било дека овие партии нема да освојат ниту еден пратеник, но и дека нивната улога да одат како посебни субјекти на изборите иако имаат одлична соработка со СДСМ, била да се прикаже пред граѓаните дека се независни и оти не се заедно со СДСМ за да убедат дел од десничарското гласачко тело да им ги даде гласовите верувајќи дека се десна опција и оти не се поврзани со СДСМ.
– Јас тоа го кажував и во кампањата и воопшто нема да бидам изненаден доколку сега станат дел од владејачката гарнитура и да добијат некои директорски или било какви места. Тоа е нормална последица на целото нивно работење и соработка со СДСМ во изминатите пет-шест години па и повеќе, рече Груевски.
Додаде дека овие партии едно време беа коалициски партнери на СДСМ и заедно настапуваа на митинзите па потоа, како што кажа, нивните стратези оценија дека е подобро да настапат одделно за да одземат дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа се сателит партии кои служат во избори за одземање на гласови на ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека со тек на време десноориентираното гласачко тело веќе го разбра тоа, потенцира Груевски./A1on