Изборниот законик стигна во Собрание

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Измените во Изборниот закон со кој се одлагаат локалните избори за првата половина од октомври и им се продолжува мандатот на градоначалниците и советниците е поднесен во Собранието, потврдуваат оттаму за ТВ 24. Изборниот закон е усогласен со сите партии во собранието, а за него поддршка ќе дадат и од ВМРО-ДПМНЕ, иако Илија Димовски не се потпишал на законот. 
Димовски се потпишал на дополнителен формулар којшто не е адресиран до претседателот на собранието Џафери, како што е законот.
Се очекува веќе следната недела тој да се најде на собраниска седница, но пред тоа работните групи од партиите во собранието да ги финализираат до крај потребните комисии за законот да биде изгласан.
Секаок претходно треба да биде изгласана и новата влада.