Долгогодишниот шеф на кабинетот на поранешниот премиер Мартин Протугер од април месец годинава е веќе вработен во партијата ВМРО-ДПМНЕ, објавија дел од медиумите. Тој веќе им се придружи на платниот список на поранешните министри Јанкуловска и Јанакиевски но и поранешниот портпарол на МВР Иво Котевски.

Ова се само дел од имињата на фронт – мените кои беа значајни за партијата, дел од нив беа и во извршната власт а се спомнуваа и во прислушуваните разговори. Новите владини промени ќе ги подотворат ли вратите на Белата палата и за нови вработувања не само од првиот ешалон на партијата туку и од останатите каде имаше и звучни имиња на функционери градоначалници и директори.