
Најбрзиот автомобил на Renault беше претставен во Монако, но сепак информациите се уште е сиромашни. Камуфлираниот прототип направи почесна обиколка на патеката, а зад воланот беше со Нико Халкенберг. Тој ја покажа формата и звукот, останатото е тајна.
Сепак се очекува моќноста да не е помала од 300 коњски сили од 2.0-литарскиот турбо морот за да може возилото да одговори на постојаната конкуренција.
Единствено што е потврдено е дека автомобилот ќе има и автоматски менувач со двојна спојка.
Се очекува перфомансите да бидат откриени есенва на автосалонот во Франкфурт. Халкенберг кој непоредно учествува во развојот на автомобилот вели дека компанијата има направено големи достигнувања во развојот на шасијата.