Крик: Извештај од УБК покажува дека српскиот разузнавач Живаљевиќ влијаел врз македонската политичка ситуација преку Стоилковиќ

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Српската мрежа за истражување криминал и корупција КРИК  синоќа објави документ за кој тврди дека е извештај од Управа за безбедност и контраразузнавање, дел од македонското МВР.

Докуентот содржи транскрипти од разговори помеѓу пратеникот во македонското Собрание од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ и српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ. Се работи за истиот разузнавач кој беше присутен во македонското Собрание за време на крвавиот четврток (27 април).

Во транскриптите се споменува српскиот аналитичар Мирослав Лазански кој беше присутен и во македонските и во српските медиуми со анализи кои одеа во прилог на тезите на ВМРО-ДПМНЕ, а против СДСМ и новото парламентарно мнозинство кое ја состави владата.

Извештајот завршува со заклучок во кој пишува дека српскиот разузнавач ги контролирал и насочува активностите на пратеникот Стоилковиќ, а преку него, посредно се обидувал да влијае и врз политичката ситуација во Македонија.

Целиот документ погледнете го на следниот линк.