СЈО може да му каже на Заев за предлог-министрите само за отворени истраги, другите се тајна

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Во Специјалното јавно обвинителство до вчера  на пладне не беше стигнало писмо од мандатарот Зоран Заев, кој синоќа најави дека ќе побара од СЈО да одговори дали за некои од предложените министри во новиот владин кабинет, но и за него, се води кривична постапка, пишува СДК.

Заев рече дека ако за некои од предложените имиња добие таков податок, таквите случаи нема да бидат членови на новата Влада.

Во СЈО сметаат дека ова обвинителство евентуално би можело да даде податоци дали за некое лице е отворено истрага. Предистражните постапки се тајни.

 Правните експерти сметаат дека предистражните постапки се тајни и оти СЈО ни овојпат нема да го прекрши принципот и да открива дека за некое лице, па нека се и предлог-министри и мандатар, се води кривична постапка. Во досегашните отворени истраги, нема ниту едно од имињата што се предложени за членови во новата влада.

Освен тоа, потсетуваат експертите, прислушуваните материјали не се во целост преслушани, па не се знае дали некој од кабинетот на Заев, ако сега не е, нема да се најде на листата на осомничени за кои СЈО ќе отвори кривична постапка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска  закажа собраниска седница за избор на новата влада и за гласање на предложената владина програма на мандатарот Заев. Владата треба да се избере до среда на полноќ.