Денеска почнува седницата -до утре вечер НОВА ВЛАДА!

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Изборот на новата Влада во Собранието почнува денеска  во 11, а завршува утре во 24 часот. Мандатарот Зоран Заев прво ќе ја образложи програмата и изборот на 25-те министри, а потоа ќе дискутираат пратениците по редослед што ќе го утврди спикерот Талат Џафери, но со застапеност на сите политички парламентарни партии. Вообичаено, редоследот се утврдува на Координација кај претседателот на Собранието, што на вчершната а не беше можно, бидејќи ВМРО ДПМНЕ не присуствуваа, но сепак синоќа , потврдија дека денеска ќе присуствуваат на седницата.

За Владата се гласа во целина. Неопходни се 61 глас. Мандатарот Заев, кој располага со поддршка од 62-ца пратеници, а се надева и на гласовите на БЕСА и ДПА, очекува изборот да помине вообичаено и без проблеми.

Најавува дека веќе в четврток, треба да се премине на донесување закони. Најитно е укинување на екстерното.

За ВМРО – ДПМНЕ, предложената Влада е антиреформска и побројна од ветувањата за дваесетина министри. Велат дека е скандалозно што пратениците добиле време од само еден ден за анализа на составот и програмата на Владата.

Бикенсто , нешто пред полноќ, мандатарот Зоран Заев, го достави до Собранието предлогот за составот на Владата и нејзината програма, што ги претстави како реформски. Во Владата ќе има 25 министри од коалициите на СДСМ,  ДУИ и Алијансата за албанците.

Изброт на нова влада  е и прво соочување на пратениците на новата власт и новата опозиција по насилниот упад кој се повеќе добива предзнак на организиран државен удар, и допрва обвинителството треба да ја комплетира и формулира истрагата.