Талат Џафери ја започна седницата за избор на новата влада, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги заменија местата во салата

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Со задоцнување од скоро половина час, новиот претседател на Собранието, Талат Џафери ја започна втората седница на Собранието на Република Македонија, каде единствена точка на дневниот ред е изборот на новата влада на мандатарот Зоран Заев.

Џафери најпрво се обрати на албански па продолжи да ја води седницата на македонски. Тој се заблагодари и на тие што гласале за неговиот избор, и за тие што не го поддржале.

Новиот владин состав е во десниот дел од салата, додека Никола Груевски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е во левиот дел. Пратениците од СДСМ и се во средина на салата.