(ВИДЕО) Лазански тврди дека не спроведувал пропаганда во корист на Груевски, како што пишува во транскриптите од УБК

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Новинарот и пратеник на Српската напредна партија, Мирослав Лазански вчера во интервју за балканската N1 телевизија рече дека било смешно тврдењето дека спроведувал медиумска пропаганда во Македонија во корист на поранешниот премиер, Никола Груевски.

„Отидов во Македонија кога кризата беше на својот врв, кога имаше демонстрации и нормален новинарски предизвик беше да одиме и да видиме што се случува и што содржи „Тиранската платформа“, рече Лазански., додавајќи дека се јавил во живо во програмата на RT Република Српска од протестите.

 Тој исто така вели дека е нормално, кога одите во странска земја за случувањата во таа земја да се известат луѓе од српската амбасада.

Порталот Крик објави транскрипти од прислушкувани разговори на службеник на српската амбасада во Скопје и припадник на БИА, Горан Живаљевиќ и Иван Стоиљковиќ, пратени во Собранието на Република Македонија и претседател на Демократската партија на Србите, врз основа на кои се формира сомневање дека тие влијаеле на Лазански да објави текст под наслов „Не ја даваме Македонија“ во српскиот весник Политика.