Ариана Гранде се враќа во oкрвавениот Манчестер, пак ќе пее

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Ариана Гранде ќе се врати во Манчестер, каде пред малку повеќе од една недела самоубиец се разнесе по нејзин концерт и уби 22 лица.

Американската пејачка ќе одржи хуманитарен концерт во недела, во спомен на жртвите на нападот, соопштија светските информативни агенции.

Плејада од ѕвезди – Кејти Пери, Џастин Бибер, Mајли      Сајрус, Фарел Вилијамс, групите Coldplay и Take That ќе учествуваат во концертот, објавија организаторите.

Концертот “One Love Mancester” ќе биде на стадионот за крикет “Олд Трафорд”, a приходите од него се наменети за фондот основан од градските власти и британскиот Црвен крст.

Во изјавата по нападот пејачката рече: “Нема да дозволиме тоа да нè раздели. Нема да ѝ дозволиме на омразата да надвладее. Треба да одговориме на ова насилство со тоа што ќе нè зближи, ќе си помагаме, ќе сакаме повеќе, пееме посилно и живееме поблагородно отколку досега “.