„Српска работа„: Заклетва во 12, примопредавање во 13, а протест во 18 часот

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Новоизбраниот претседател, Александар Вучиќ, ќе положи свечена заклетва пред пратениците на Собранието на Србија во 11 часот. Должноста од Томислав Николиќ ќе ја преземе во 13 часот.

Вучиќ заклетвата на свечената седница на Народното собрание, ќе ја положи пред Уставот, кој е специјален примерок направен за оваа прилика.

Според Уставот ќе има и верна реплика на Мирославовото евангелиео.

После тоа, Вучиќ ќе оди во зградата на Андриќевиот венец, каде е седиштето на претседателот на Републиката, а пред зданието ќе биде одржана смотра на војниците на припадниците на стражата и на трите рода на српските вооружени сили, армија, воздухопловните сили и речната флотила. Притоа, началник на Генералштабот, Љубиша Диковиќ ќе поднесе извештај на новиот претседател.
По повод стапувањето на Вучиќ на функцијата претседател на Србија, повеќе организации и движења најавените протести во Белград. Протестите се закажани за 18 часот.