ДА, сакам да го видам Груевски во затвор!

од Vladimir Zorba
81 прегледи
Пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, од собраниската говорница истакна дека со години во Македонија не владеело правото, но даде ветување дека набрзо сето тоа ќе се смени.

„Сакам да го видам Груевски во затвор, но повеќе сакам судот да го прогласи неговото владеење за криминално“, рече Богоевски, кој на собраниската говорница се појави во блуза со логото на Шарената револуција.

„Новата Влада ќе гради Македонија каде што нема да има ваши и наши, вмровци, соросоиди и комуњари.Ми пречи вашиот криминал, вашите лоши политики, уништените здравство, млади, медиуми, но најмногу ме боли што го присвоивите нашиот, мојот македонски идентитет, го изедначивте со ВМРО-ДПМНЕ, ме боли што луѓе завиткани во македонско знаме влегоа да убиваат пратеници кои ги избрал тој народ“, рече пратеникот.

Зборувајќи за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, Богоевски рече:
– И затоа ви дојде крајот, и тоа… каков крај – рече Богоевски.

На таа изјава, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше дека ВМРО е константа, супстанца, која никогаш нема крај.