Вучиќ официјално ја презема функцијата Шеф на државата

од Vladimir Zorba
89 прегледи

„Се колнам дека целосно ќе се посветам на зачувување на суверенитетот и целата територија на Република Србија, вклучувајќи ги и Косово и Метохија како нејзин составен дел, како и остварување на човековите и малцинските права и слободи, почитување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Република Србија и дека совесно и одговорно ќе ги исполнувам сите свои должности .“
По овие зборови Александар Вучиќ седнува во нова фотелја – досегашниот српски премиер го напушта местото претседател на српската Влада и официјално ја презеде функцијата Шеф на државата.По повеќе од еден месец Вучиќ денеска во Собранието на Србија и официјално положи заклетва пред пратениците. Мир, стабилност и иднина за Србија, ќе работам и ќе се борам за вашите деца како да се мои – ова беше една од пораките на Вучиќ пред граѓаните кои беа собрани пред зградата на Парламентот.

„Горд сум на сите резултати кои ги постигнавме заедно, на секој километар на патот, на стотиците мостови кој ги изградвме, на илјадниците работни места кој ги отворивме. Но уште многу работа претстои пред нас.“ – изјави Вучиќ.

Вучиќ победи на претседателските избори кои се одржаа на 2. април и уште во првиот круг од гласањето освои 56 отсто од гласовите. Со положувањето на денешната заклетва почнува да тече неговиот 5 годишен мандат.
„Ќе живеете подобро, не гледајте во минатото туку во земјата на вашите деца.“ – вели Вучиќ.
Откако Вучиќ седна во претседателската фотелја во Србија се најавуваат уште помасовни протести. На протест повика и движењето на Слободни граѓани, чиј водач е Саша Јанковиќ, кој му беше противкандидат на Вучиќ на претседателските избори.